трговија

Именка, женски род

Само во еднина.

Значење на трговија:

Стопанска дејност што се занимава со купопродажба или промет на стока меѓу луѓе и држави. Трговија со тутун. Внатрешна трговија. Надворешна трговија.

Изведени зборови:

  • трговски, прид. трговскиот

Фразеолошки израз / поговорка:

Трговија на мало ‒ малопродажба, продажба на стоки во релативно мали количества. Трговија на големо – продажба на стоки во големи количества.

Оригинални податоци:

трговија (само едн.) ж. Стопанска дејност што се занимава со купопродажба или промет на стока меѓу луѓе и држави. Трговија со тутун. Внатрешна трговија. Надворешна трговија. ‖ трговски, трговскиот прид. ◊ Трговија на мало ‒ малопродажба, продажба на стоки во релативно мали количества. Трговија на големо – продажба на стоки во големи количества.