триаголник
Значење на триаголник:
1. (мат.) Геометриска слика со три страни и три агли.
2. Направа (дрвена, метална, пластична) во форма на триаголник што служи за цртање.
3. Тоа што е во форма на триаголник. Шеќерен триаголник. На панделката имаше украсен триаголник. Тој гледаше во триаголникот на колибата во која лежеше.
4. Предмет од флуоресцентен материјал во форма на триаголник што служи како предупредување на возачите дека возилото е запрено.
Множина: триаголници.
Фразеолошки израз / поговорка:
Љубовен (брачен) триаголник – љубовна врска на еден од брачните партнери со друго лице.
Оригинални податоци:
триаголник, мн. триаголници м. 1. (мат.) Геометриска слика со три страни и три агли. 2. Направа (дрвена, метална, пластична) во форма на триаголник што служи за цртање. 3. Тоа што е во форма на триаголник. Шеќерен триаголник. На панделката имаше украсен триаголник. Тој гледаше во триаголникот на колибата во која лежеше. 4. Предмет од флуоресцентен материјал во форма на триаголник што служи како предупредување на возачите дека возилото е запрено. ◊ Љубовен (брачен) триаголник – љубовна врска на еден од брачните партнери со друго лице.