трибина

Именка, женски род

Значење на трибина:

1. Издигнато место за стоење или седење на гледачи. Се качил на трибината за да ја гледа борбата со бикови. Трибините во стадионот се веќе полни.

2. Место за публика, за новинари и сл. Пред свечената трибина на плоштадот се собра многу народ. Гостите удобно се сместија во трибината за да ја гледаат подготвената претстава.

3. (прен.) Место за настап, говорница. Пред езерото, го кренаа на трибина да држи говор.

4. Јавна расправа на определена тема од одредена област. Литературна трибина. Политичка трибина. На трибината за јазикот во јавното општење имаше многу учесници.

Множина: трибини.

Оригинални податоци:

трибина, мн. трибини ж. 1. Издигнато место за стоење или седење на гледачи. Се качил на трибината за да ја гледа борбата со бикови. Трибините во стадионот се веќе полни. 2. Место за публика, за новинари и сл. Пред свечената трибина на плоштадот се собра многу народ. Гостите удобно се сместија во трибината за да ја гледаат подготвената претстава. 3. (прен.) Место за настап, говорница. Пред езерото, го кренаа на трибина да држи говор. 4. Јавна расправа на определена тема од одредена област. Литературна трибина. Политичка трибина. На трибината за јазикот во јавното општење имаше многу учесници.