трибун
Значење на трибун:
1. (истор.) Во стариот Рим – лице што го избирале плебејците за да ги заштитува нивните интереси.
2. (прен.) Водач на народот, предводник во заштита на интересите на одредена општествена група преку јавни настапи. Тој народен трибун неуморно ја крстосувал Македонија и го подигнувал народниот дух. Трибун на работничката класа. Трибуни на револуцијата.
Множина: трибуни.
Изведени зборови:
- трибунски, прид. трибунскиот
Оригинални податоци:
трибун, мн. трибуни м. 1. (истор.) Во стариот Рим – лице што го избирале плебејците за да ги заштитува нивните интереси. 2. (прен.) Водач на народот, предводник во заштита на интересите на одредена општествена група преку јавни настапи. Тој народен трибун неуморно ја крстосувал Македонија и го подигнувал народниот дух. Трибун на работничката класа. Трибуни на револуцијата. ‖ трибунски, трибунскиот прид.