трици

Именка

Само во множина.

Значење на трици:

1. Ситни лушпи што остануваат по мелењето на житото од семиња на житни растенија. Пченични трици. Овесни трици. Вреќа со трици.

2. (прен.) Нешто без вистинска вредност. Тоа се само трици.

Фразеолошки израз / поговорка:

Не дроби (јади) трици – (разг.) не зборувај глупости.

Оригинални податоци:

трици, (само мн.) 1. Ситни лушпи што остануваат по мелењето на житото од семиња на житни растенија. Пченични трици. Овесни трици. Вреќа со трици. 2. (прен.) Нешто без вистинска вредност. Тоа се само трици. ◊ Не дроби (јади) трици – (разг.) не зборувај глупости. ‖ трички само во мн. дем.