трие

Глагол, несвршен

Значење на трие:

1. Движи рака или нешто друго по некаква површина со притискање. Среќен и задоволен од добивката ги триеше дланките. Детето сонливо ги триеше очите. Папагалот го трие клунот од металните прачки на кафезот.

2. Масира. Триј ги слепоочниците, можеби ќе помине главоболката. Долго ги триеше нозете од болки. Го триеја со сало за да оздрави.

3. Чисти, отстранува нечистотија со триење. Ја перев кошулата, со сапун ги триев ракавите и јаката. Со четка го триеше дрвениот под.

4. Предизвикува телесна болка со притисок, стегање, жули.

5. Ситни, гмечи со триење, прави нешто како каша. Кратко го трила гравот со сувите варени пиперки.

Коњугација: трив , триев , триеја , триејќи , триел , триен , триј , трија , тријат , тријте , трил.

Изведени зборови:

  • се ~ трие, 1. Прави движење по нешто со притискање. Таа се триеше со голите нозе од рапавата облека. Се трие од ѕидот. Се триеја сувите гранки на ветрот и крцкаа. 2. Се масира. Ја триев раката со домашна ракија. 3. Се чисти, отстранува нечистотија со триење. Војниците се триеја околу вратот со вода и со сапун.
  • триење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Му трие сол на глава – постојано прекорува некого за нешто; сп. сол.

Оригинални податоци:

трие, тријат; триј, тријте; триев, триеја; триел; триен; триејќи; трив, трија; трил несв. 1. Движи рака или нешто друго по некаква површина со притискање. Среќен и задоволен од добивката ги триеше дланките. Детето сонливо ги триеше очите. Папагалот го трие клунот од металните прачки на кафезот. 2. Масира. Триј ги слепоочниците, можеби ќе помине главоболката. Долго ги триеше нозете од болки. Го триеја со сало за да оздрави. 3. Чисти, отстранува нечистотија со триење. Ја перев кошулата, со сапун ги триев ракавите и јаката. Со четка го триеше дрвениот под. 4. Предизвикува телесна болка со притисок, стегање, жули. 5. Ситни, гмечи со триење, прави нешто како каша. Кратко го трила гравот со сувите варени пиперки. ● се ~ 1. Прави движење по нешто со притискање. Таа се триеше со голите нозе од рапавата облека. Се трие од ѕидот. Се триеја сувите гранки на ветрот и крцкаа. 2. Се масира. Ја триев раката со домашна ракија. 3. Се чисти, отстранува нечистотија со триење. Војниците се триеја околу вратот со вода и со сапун. ◊ Му трие сол на глава – постојано прекорува некого за нешто; сп. сол. ‖ глаг. им. триење ср.