триста

Број

Значење на триста:

1. Основен број трипати поголем од сто; се бележи со бројката 300. Триста денари. Триста парчиња.

2. Како прил. во споеви со именка – многу, едноподруго. Триста села. Триста чуда. Триста мисли. Триста стравови.

Членувана форма: тристата.

Фразеолошки израз / поговорка:

Триста маки виде (претрпе) – многу истрпи, препати. Триста мани му најде – многу е пребирлив.

Оригинални податоци:

триста, тристата бр. 1. Основен број трипати поголем од сто; се бележи со бројката 300. Триста денари. Триста парчиња. 2. Како прил. во споеви со именка – многу, едноподруго. Триста села. Триста чуда. Триста мисли. Триста стравови. ◊ Триста маки виде (претрпе) – многу истрпи, препати. Триста мани му најде – многу е пребирлив.