триумфален
Значење на триумфален:
1. Што е направен во чест на некаков триумф. Триумфална порта.
2. Што изразува триумф, што слави голема победа, победнички. Триумфален крај. Триумфална насмевка. Триумфално расположение. Триумфални прослави.
Членувана форма: триумфалниот.
Изведени зборови:
- триумфално, прил. Спортистите се движеа триумфално во поворката. Тој се смееше триумфално.
Оригинални податоци:
триумфален, триумфалниот прид. 1. Што е направен во чест на некаков триумф. Триумфална порта. 2. Што изразува триумф, што слави голема победа, победнички. Триумфален крај. Триумфална насмевка. Триумфално расположение. Триумфални прослави. ‖ триумфално прил. Спортистите се движеа триумфално во поворката. Тој се смееше триумфално.