тркала
Значење на тркала:
Движи тркалезен предмет, прави повторливи кружни движења на некој предмет. Тој го тркалал бурето по дворот. Децата тркалаат џамлии по земја. Надојдената река бучеше и тркалаше камења.Коњугација: тркалаат.
Изведени зборови:
- се ~ тркала, 1. Се движи со вртење, се вала по некоја површина. Децата се гонеа со топки, се тркалаа по снегот. 2. (прен.) За превозно средство – се движи. Натоварени запрежни коли се тркалаа по селскиот пат. 3. (прен.) За солза, капка и сл. – се спушта, паѓа полека, со лизгање. Солзите ѝ се тркалаа по лицето, а таа не ги бришеше. Се тркалаа големи капки по прозорецот.
- тркалање, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
тркала, тркалаат несв. Движи тркалезен предмет, прави повторливи кружни движења на некој предмет. Тој го тркалал бурето по дворот. Децата тркалаат џамлии по земја. Надојдената река бучеше и тркалаше камења. ● се ~ 1. Се движи со вртење, се вала по некоја површина. Децата се гонеа со топки, се тркалаа по снегот. 2. (прен.) За превозно средство – се движи. Натоварени запрежни коли се тркалаа по селскиот пат. 3. (прен.) За солза, капка и сл. – се спушта, паѓа полека, со лизгање. Солзите ѝ се тркалаа по лицето, а таа не ги бришеше. Се тркалаа големи капки по прозорецот. ‖ глаг. им. тркалање ср.