тркалезен

Придавка

Значење на тркалезен:

Што има форма слична на круг, топка, тркало, вал Тркалезен килим. Тркалезна дрвена софра. Тркалезно лице. Тркалезно огледало. Тркалезни камчиња. Тркалест порцелански ќуп. Тркалесто масиче. Тркалести очи

Членувана форма: тркалезниот , тркалестиот .

Алтернативно: тркалест

Изведени зборови:

  • тркалезност, и. ж. и тркалестост

Фразеолошки израз / поговорка:

Тркалезна маса – сп. маса1.

Оригинални податоци:

тркалезен, тркалезниот и тркалест, тркалестиот прид. Што има форма слична на круг, топка, тркало, валчест. Тркалезен килим. Тркалезна дрвена софра. Тркалезно лице. Тркалезно огледало. Тркалезни камчиња. Тркалест порцелански ќуп. Тркалесто масиче. Тркалести очи. ◊ Тркалезна маса – сп. маса1. ‖ тркалезност и тркалестост ж.