тркне

Глагол, свршен

Значење на тркне:

Поита, потрча, побрза да направи нешто. На големиот одмор тркна да купи појадок. Ќе тркнам до дома и пак ќе се вратам.

Коњугација: (ќе) тркнеа , (ќе) тркнев , (ќе) тркнел, тркнаа , тркнав , тркнал , тркнат , тркнат , тркнете , тркни .

Изведени зборови:

  • тркнува, глаг. повт. тркнуваат

Оригинални податоци:

тркне, тркнат; тркни, тркнете; тркнав, тркнаа; тркнал; тркнат; (ќе) тркнев, (ќе) тркнеа; (ќе) тркнел св. Поита, потрча, побрза да направи нешто. На големиот одмор тркна да купи појадок. Ќе тркнам до дома и пак ќе се вратам. ‖ тркнува, тркнуваат повт.