трн
Значење на трн:
1. (бот.) Име на разни растенија обрастени со боцки. Расцутен трн. Суви трње.
2. Бодлив израсток кај некои растенија, боцка. Остар трн. Трн од глог. Растение со трње. Трн в нога.
Множина: трна, трње.
Изведени зборови:
- трнче, и. ср. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Магарешки трн – (бот.) растение со високо стебло, со крупни, груби, влакнести и боцкави листови, жилести стебленца и темнорозови топчести цветови; Onopordum acanthium. Млечен трн – (бот.) ниско растение со боцкави шарени листови и розово-пурпурни топчести цветови; Sylibum marianum. Воловски трн – (бот.) ниско, разгрането растение со тенки, назабени, боцкави и шарени листови и ситни топчести светлозелени цветови; Eryngum capestre. Става здрава нога в трн – сп. нога. Седи како на трње – сп. седи. Трн во око (некому) – сп. око. Кој в трн, кој в грм – на различни страни, со различни ставови.
Оригинални податоци:
трн, зб. мн. трње, избр. мн. трна м. 1. (бот.) Име на разни растенија обрастени со боцки. Расцутен трн. Суви трње. 2. Бодлив израсток кај некои растенија, боцка. Остар трн. Трн од глог. Растение со трње. Трн в нога. ◊ Магарешки трн – (бот.) растение со високо стебло, со крупни, груби, влакнести и боцкави листови, жилести стебленца и темнорозови топчести цветови; Onopordum acanthium. Млечен трн – (бот.) ниско растение со боцкави шарени листови и розово-пурпурни топчести цветови; Sylibum marianum. Воловски трн – (бот.) ниско, разгрането растение со тенки, назабени, боцкави и шарени листови и ситни топчести светлозелени цветови; Eryngum capestre. Става здрава нога в трн – сп. нога. Седи како на трње – сп. седи. Трн во око (некому) – сп. око. Кој в трн, кој в грм – на различни страни, со различни ставови. ‖ трнче, мн. трнчиња ср. дем.