троен

Придавка

Значење на троен:

1. Што е составен од три еднакви дела, члена или од три предмета. Троен член. Троен сојуз. Тројно правило. Тројна комбинација. Тројни свеќници.

2. Што е трипати поголем. Тројна добивка.

3. Што се спроведува, што настанува на три начина. Тројна окупација.

Членувана форма: тројниот.

Изведени зборови:

  • тројно, прил. Тројно се зголеми извозот на јаболка.

Оригинални податоци:

троен, тројниот прид. 1. Што е составен од три еднакви дела, члена или од три предмета. Троен член. Троен сојуз. Тројно правило. Тројна комбинација. Тројни свеќници. 2. Што е трипати поголем. Тројна добивка. 3. Што се спроведува, што настанува на три начина. Тројна окупација. ‖ тројно прил. Тројно се зголеми извозот на јаболка.