тропне
Значење на тропне:
1. Произведе звук со удирање на нешто, при движење и сл. Тој тропна со бастунот по подот. Тропнаа златниците на маса. Детето тропна со нозете. Тропнаа коњите во плевната.
2. Чукне (на врата, прозорец и сл.). Некој силно тропна на врата. Ќе дојдеш вечерва и ќе тропнеш на прозорецот.
3. За срце – почне да бие, пулсира. Го покани внатре момчето и ѝ тропна срцето.
4. (прен., разг.) Каже нешто неразумно, непромислено, неумесно, глупост. Ќе тропне колку за да каже нешто.
Коњугација: (ќе) тропнеа , (ќе) тропнев , (ќе) тропнел, тропнаа , тропнав , тропнал , тропнат , тропнат , тропнете , тропни .
Изведени зборови:
- тропнува, глаг. несв. тропнуваат , повт.
- тропнување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Тропне на маса – (разг.) покаже надмоќ.
Оригинални податоци:
тропне, тропнат; тропни, тропнете; тропнав, тропнаа; тропнал; тропнат; (ќе) тропнев, (ќе) тропнеа; (ќе) тропнел св. 1. Произведе звук со удирање на нешто, при движење и сл. Тој тропна со бастунот по подот. Тропнаа златниците на маса. Детето тропна со нозете. Тропнаа коњите во плевната. 2. Чукне (на врата, прозорец и сл.). Некој силно тропна на врата. Ќе дојдеш вечерва и ќе тропнеш на прозорецот. 3. За срце – почне да бие, пулсира. Го покани внатре момчето и ѝ тропна срцето. 4. (прен., разг.) Каже нешто неразумно, непромислено, неумесно, глупост. Ќе тропне колку за да каже нешто. ◊ Тропне на маса – (разг.) покаже надмоќ. ‖ тропнува, тропнуваат несв., повт. ‖ глаг. им. тропнување ср.