троши

Глагол, несвршен

Значење на троши:

1. Прави трошки, ситни, дроби на трошки. Јади, не троши го лебот!

2. Дава пари за купување нешто, арчи. Тој пари не трошеше многу. Трошеа неброени пари.

3. Прави трошоци, издатоци, употребува нешто потрошно, потрошен материјал и сл. Тој го трошеше имотот за негово школување. Таа недомаќински троши. Трошиме многу вода поради полевањето на дворот. Оваа кола троши многу гориво.

4. Губи сила од многу работа. Тој неконтролирано ја трошеше својата енергија.

Коњугација: трошат.

Изведени зборови:

  • се ~ троши, 1. Се ситни, се дроби на трошки, се рони. Земи пресен леб, вчерашниот се троши. Сувата земја се трошеше под нозете. Компирот се троши и се топи в уста. 2. Се аби. Батериите од часовникот се трошат. 3. Работи многу, не штедејќи се себе, се исцрпува. Тој работи дење-ноќе, се троши за сметка на здравјето.
  • трошење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Троши без сметка – троши многу, повеќе од тоа што го има.

Оригинални податоци:

троши, трошат несв. 1. Прави трошки, ситни, дроби на трошки. Јади, не троши го лебот! 2. Дава пари за купување нешто, арчи. Тој пари не трошеше многу. Трошеа неброени пари. 3. Прави трошоци, издатоци, употребува нешто потрошно, потрошен материјал и сл. Тој го трошеше имотот за негово школување. Таа недомаќински троши. Трошиме многу вода поради полевањето на дворот. Оваа кола троши многу гориво. 4. Губи сила од многу работа. Тој неконтролирано ја трошеше својата енергија. ● се ~ 1. Се ситни, се дроби на трошки, се рони. Земи пресен леб, вчерашниот се троши. Сувата земја се трошеше под нозете. Компирот се троши и се топи в уста. 2. Се аби. Батериите од часовникот се трошат. 3. Работи многу, не штедејќи се себе, се исцрпува. Тој работи дење-ноќе, се троши за сметка на здравјето. ◊ Троши без сметка – троши многу, повеќе од тоа што го има. ‖ глаг. им. трошење ср.