трпелив

Придавка

Значење на трпелив:

Што покажува трпение, разбирање, што има обѕир спрема некого или нешто, толерантен. Кроток и трпелив човек. Трпеливи патници.

Членувана форма: трпеливиот.

Изведени зборови:

  • трпеливо, прил. Таа седеше и трпеливо чекаше. Стариот трпеливо го ислуша докрај. Тие трпеливо ги поднесуваа гладот и грижите.

Оригинални податоци:

трпелив, трпеливиот прид. Што покажува трпение, разбирање, што има обѕир спрема некого или нешто, толерантен. Кроток и трпелив човек. Трпеливи патници. ‖ трпеливо прил. Таа седеше и трпеливо чекаше. Стариот трпеливо го ислуша докрај. Тие трпеливо ги поднесуваа гладот и грижите.