трпение

Именка, среден род

Само во еднина.

Значење на трпение:

1. Особина на тој што е трпелив. Вие имате толку многу волја, толку многу трпение.

2. Трпелив однос кон некого, кон нешто. Тој имаше повеќе трпение да чека. Селаните го губеа трпението.

3. Упорност, настојчивост, издржливост во некоја работа. Вакви резби можело да се изработат само со големо трпение.

Фразеолошки израз / поговорка:

Трпение – спасение – сп. спасение.

Оригинални податоци:

трпение (само едн.) ср. 1. Особина на тој што е трпелив. Вие имате толку многу волја, толку многу трпение. 2. Трпелив однос кон некого, кон нешто. Тој имаше повеќе трпение да чека. Селаните го губеа трпението. 3. Упорност, настојчивост, издржливост во некоја работа. Вакви резби можело да се изработат само со големо трпение. ◊ Трпение – спасение – сп. спасение.