трпи

Глагол, несвршен

Значење на трпи:

1. Издржува, поднесува. Старицата трпеше силни болки во колената.

2. Поднесува нешто подолго време, истрпува. Ќе трпиме уште некое време. Трпи, трпи, не се трпи. Целиот свој живот таа трпела за децата.

3. Страда, поднесува тешкотија, неволја. Трпи за леб. Тие трпеа немаштија и не се жалеа.

4. Поднесува некого или нешто негативно, лошо. Заради татко му го трпевме меѓу нас. Не ме трпат тука. Тој не можеше да трпи неправда. Молчеше и го трпеше неговиот гнев.

5. Поднесува негативни последици. За да не трпи работата, ќе се повлечеме од оваа просторија.

6. Допушта, дозволува нешто. Раководството трпеше најавено отсуство. Овој проблем трпи одлагање.

Коњугација: трпат.

Изведени зборови:

  • се ~ трпи, 1. Се поднесуваат еден со друг. Тие се трпеле поради своите карактери. Понекогаш дружеа, но не се трпеа, често се караа. 2. Се поднесува. Сè се трпи, сè се издржува.
  • трпење, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Трпи како куче – гладува многу.

Оригинални податоци:

трпи, трпат несв. 1. Издржува, поднесува. Старицата трпеше силни болки во колената. 2. Поднесува нешто подолго време, истрпува. Ќе трпиме уште некое време. Трпи, трпи, не се трпи. Целиот свој живот таа трпела за децата. 3. Страда, поднесува тешкотија, неволја. Трпи за леб. Тие трпеа немаштија и не се жалеа. 4. Поднесува некого или нешто негативно, лошо. Заради татко му го трпевме меѓу нас. Не ме трпат тука. Тој не можеше да трпи неправда. Молчеше и го трпеше неговиот гнев. 5. Поднесува негативни последици. За да не трпи работата, ќе се повлечеме од оваа просторија. 6. Допушта, дозволува нешто. Раководството трпеше најавено отсуство. Овој проблем трпи одлагање. ● се ~ 1. Се поднесуваат еден со друг. Тие се трпеле поради своите карактери. Понекогаш дружеа, но не се трпеа, често се караа. 2. Се поднесува. Сè се трпи, сè се издржува. ◊ Трпи како куче – гладува многу. ‖ глаг. им. трпење ср.