трпне

Глагол, несвршен

Значење на трпне:

1. Чувствува трпки, морници, се ежи. Му трпнеше снагата од студ.

2. За раце, нозе и сл. – се здрвува. Нозете му трпнат од одење. Морници лазат, рацете трпнат. Забите фаќаат скомина, трпнат.

3. (прен.) Чувствува силна возбуда, страв. Ми трпне душата од немир. Трпнам од страв и немо се молам. Трпнеше од помислата дека треба да патува со авион.

Коњугација: трпнаа , трпнав , трпнал , трпнат, трпнат , трпнеа , трпнев , трпнејќи , трпнел , трпнет , трпнете , трпни .

Изведени зборови:

  • трпнење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

трпне, трпнат; трпни, трпнете; трпнев, трпнеа; трпнел; трпнет; трпнејќи; трпнав, трпнаа; трпнал; трпнат несв. 1. Чувствува трпки, морници, се ежи. Му трпнеше снагата од студ. 2. За раце, нозе и сл. – се здрвува. Нозете му трпнат од одење. Морници лазат, рацете трпнат. Забите фаќаат скомина, трпнат. 3. (прен.) Чувствува силна возбуда, страв. Ми трпне душата од немир. Трпнам од страв и немо се молам. Трпнеше од помислата дека треба да патува со авион. ‖ глаг. им. трпнење ср.