трска

Именка, женски род

Значење на трска:

1. (бот.) Високо тревно растение што расте на мочурливи места, со долго цевчесто стебло и цветови што излегуваат во форма на метличка од долгнавестите и тесни листови; Phragmites communis. Крајбрежна зелена трска.

2. (само мн.) Место каде што расте тоа растение. Чунот се оддалечуваше кон трските. Долу некаде, зад трските се наѕираа црвените покриви на селските куќи.

3. Суво стебло од тоа растение, прачка. Шуплива трска. Трска со заострен врв. Ограда од трска. Сплетени трски.

4. Прачка од тоа растение или стап од друг свитлив материјал за ловење риба.

Множина: трски.

Фразеолошки израз / поговорка:

Шеќерна трска – (бот.) повеќегодишно растение со високо, шупливо стебло што расте крај вода; Saccharum officinarum.

Оригинални податоци:

трска, мн. трски ж. 1. (бот.) Високо тревно растение што расте на мочурливи места, со долго цевчесто стебло и цветови што излегуваат во форма на метличка од долгнавестите и тесни листови; Phragmites communis. Крајбрежна зелена трска. 2. (само мн.) Место каде што расте тоа растение. Чунот се оддалечуваше кон трските. Долу некаде, зад трските се наѕираа црвените покриви на селските куќи. 3. Суво стебло од тоа растение, прачка. Шуплива трска. Трска со заострен врв. Ограда од трска. Сплетени трски. 4. Прачка од тоа растение или стап од друг свитлив материјал за ловење риба. ◊ Шеќерна трска – (бот.) повеќегодишно растение со високо, шупливо стебло што расте крај вода; Saccharum officinarum.