труби

Глагол, несвршен

Значење на труби:

1. Свири на труба. Свирачите трубат, тапаните чукаат.

2. (прен., разг.) Разгласува, шири некаква информација насекаде. Таа труби дека не ќе има свадба.

Коњугација: трубат.

Изведени зборови:

  • трубење, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

труби, трубат несв. 1. Свири на труба. Свирачите трубат, тапаните чукаат. 2. (прен., разг.) Разгласува, шири некаква информација насекаде. Таа труби дека не ќе има свадба. ‖ глаг. им. трубење ср.