труд

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на труд:

1. Свесна физичка или умствена дејност на човекот со цел да се постигне, изврши, создаде нешто; работа. Физички труд. Интелектуален труд. Наемен труд.

2. Резултат од работа; литературно, научно, уметничко дело, творба. Научен труд. Книжевен труд. Стручни трудови.

3. Мака, напор. Еве пари за вашиот труд. Без голем труд може да се направи тоа.

4. Плодови од работа, заработувачка. Градот им го уништи трудот на селаните. Единствено од трудот на нејзините две раце живееја тие. Од неговиот труд живеат други.

5. Породилна болка. Таа ги доби првите трудови.

Оригинални податоци:

труд (само едн.) м. 1. Свесна физичка или умствена дејност на човекот со цел да се постигне, изврши, создаде нешто; работа. Физички труд. Интелектуален труд. Наемен труд. 2. Резултат од работа; литературно, научно, уметничко дело, творба. Научен труд. Книжевен труд. Стручни трудови. 3. Мака, напор. Еве пари за вашиот труд. Без голем труд може да се направи тоа. 4. Плодови од работа, заработувачка. Градот им го уништи трудот на селаните. Единствено од трудот на нејзините две раце живееја тие. Од неговиот труд живеат други. 5. Породилна болка. Таа ги доби првите трудови.