труди се
Значење на труди се:
1. (нар. поез.) Уморува, мачи.
2. Вложува труд, работи. Тој многу се трудеше, работеше дење-ноќе. Децата добија поука дека треба да учат, да се трудат, да си помагаат.
3. Се мачи, настојува, вложува напори да постигне нешто. Тој се трудеше да заспие. Не трудете се да бидете духовити! Таа безуспешно се трудела да го прикрие своето незадоволство.
Коњугација: се трудат.
Изведени зборови:
- трудење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
труди се, се трудат несв. 1. (нар. поез.) Уморува, мачи. 2. Вложува труд, работи. Тој многу се трудеше, работеше дење-ноќе. Децата добија поука дека треба да учат, да се трудат, да си помагаат. 2. Се мачи, настојува, вложува напори да постигне нешто. Тој се трудеше да заспие. Не трудете се да бидете духовити! Таа безуспешно се трудела да го прикрие своето незадоволство. ‖ глаг. им. трудење ср.