труп

Именка, машки род

Значење на труп:

1. Телото без главата и екстремитетите. Краток труп. Говедски труп. Вратот ја поврзува главата со трупот.

2. (прен.) Средниот, главниот дел на машината. Бродски труп. Труп на косачка. Авиони со два трупа.

3. трупец.

4. (прен.) Глупав човек. Труп, ништо не разбира.

5. Тело од умрен човек, леш. Јагленосан човечки труп. Од реката извадија два полуоблечени трупа. Крвави трупови на загинати борци.

Множина: трупа, трупови.

Изведени зборови:

  • трупиште, и. ср. аугм.
  • трупче, и. ср. дем.

Фразеолошки израз / поговорка:

Жив труп – тешко болен човек, неподвижен, на постела. Труп легни – труп стани – 1. мртов пијан. 2. (прен.) човек без волја, бесполетен, безживотен.

Оригинални податоци:

труп, мн. трупови, избр. мн. трупа м. 1. Телото без главата и екстремитетите. Краток труп. Говедски труп. Вратот ја поврзува главата со трупот. 2. (прен.) Средниот, главниот дел на машината. Бродски труп. Труп на косачка. Авиони со два трупа. 3. в. трупец. 4. (прен.) Глупав човек. Труп, ништо не разбира. 5. Тело од умрен човек, леш. Јагленосан човечки труп. Од реката извадија два полуоблечени трупа. Крвави трупови на загинати борци. ◊ Жив труп – тешко болен човек, неподвижен, на постела. Труп легни – труп стани – 1. мртов пијан. 2. (прен.) човек без волја, бесполетен, безживотен. ‖ трупче, мн. трупчиња ср. дем. ‖ трупиште, мн. трупишта ср. аугм.