туѓ
Значење на туѓ:
1. Што не е лично мој, што припаѓа на друг. Туѓ имот. Туѓ тутун. Туѓа челад. Туѓа среќа. Туѓи пари. Туѓи зборови. Туѓи маки.
2. Што не е наш, што не е на/од ист колектив. Туѓа крв. Туѓа софра. Никогаш тој не прибирал туѓи луѓе во своја куќа. Не знаеше туѓи јазици.
3. Што не припаѓа на нашата земја, место, крај и сл. Туѓа војска. Туѓа историја. Туѓи обичаи.
4. Проникнат, примен однадвор, необичен за нас, различен од нашиот. Таа форма му е туѓа на нашиот јазик. Туѓо искуство. Туѓо потекло. Туѓи елементи.
5. Што не изразува блискост, далечен. Нејзе ѝ стануваа туѓи домашните. Туѓ поглед.
6. Несвојствен за моите, за нашите чувства, разбирања, обичаи. Гласот му е рапав, со празнини, туѓ. Нему му беше туѓа лагата.
7. Како им. Своето не го дава, а туѓото го сака. Секој беше во туѓото внесен. Често туѓото ни се чини подобро од нашето.
Членувана форма: туѓиот.
Изведени зборови:
- туѓо, прил. кон зн. 6. Тоа звучеше некако туѓо.
Фразеолошки израз / поговорка:
Сто стапа по туѓ грб не болат – сп. грб1. Живее на туѓ грб – сп. грб1. Туѓата кокошка поголеми јајца несе – (посл.) Туѓото ни се чини подобро од нашето. Се кити со туѓи перје – сп. перо. Го пика носот во туѓи работи – се вмешува, се вплеткува во нешто непотребно, од љубопитство.
Оригинални податоци:
туѓ, туѓиот прид. 1. Што не е лично мој, што припаѓа на друг. Туѓ имот. Туѓ тутун. Туѓа челад. Туѓа среќа. Туѓи пари. Туѓи зборови. Туѓи маки. 2. Што не е наш, што не е на/од ист колектив. Туѓа крв. Туѓа софра. Никогаш тој не прибирал туѓи луѓе во своја куќа. Не знаеше туѓи јазици. 3. Што не припаѓа на нашата земја, место, крај и сл. Туѓа војска. Туѓа историја. Туѓи обичаи. 4. Проникнат, примен однадвор, необичен за нас, различен од нашиот. Таа форма му е туѓа на нашиот јазик. Туѓо искуство. Туѓо потекло. Туѓи елементи. 5. Што не изразува блискост, далечен. Нејзе ѝ стануваа туѓи домашните. Туѓ поглед. 6. Несвојствен за моите, за нашите чувства, разбирања, обичаи. Гласот му е рапав, со празнини, туѓ. Нему му беше туѓа лагата. 7. Како им. Своето не го дава, а туѓото го сака. Секој беше во туѓото внесен. Често туѓото ни се чини подобро од нашето. ◊ Сто стапа по туѓ грб не болат – сп. грб1. Живее на туѓ грб – сп. грб1. Туѓата кокошка поголеми јајца несе – (посл.) Туѓото ни се чини подобро од нашето. Се кити со туѓи перје – сп. перо. Го пика носот во туѓи работи – се вмешува, се вплеткува во нешто непотребно, од љубопитство. ‖ туѓо прил. кон зн. 6. Тоа звучеше некако туѓо.