туѓинец
Значење на туѓинец:
1. Човек што не е државјанин, граѓанин на земјата во која се наоѓа; странец. Туѓинец, што не го разбира нашиот јазик. Градот е окупиран од туѓинци.
2. (разг.) Човек што не е жител на местото, крајот во кој престојува, што е од друго место, друг крај. Нејзиниот внук повеќе има право на дуќанот одошто еден туѓинец. Туѓинецот ги поздрави селаните и замина.
3. (прен.) Човек што се отуѓил од блиските, што се одродил. Таткото не најде начин да се доближи до своите најблиски, стана туѓинец за своето дете. И во својата земја туѓинец сум веќе. Тој е и онака туѓинец меѓу нас.
Множина: туѓинци.
Изведени зборови:
- туѓинка, и. ж.
- туѓинче, и. ср. дем. кон зн. 1, 2.
Оригинални податоци:
туѓинец, мн. туѓинци м. 1. Човек што не е државјанин, граѓанин на земјата во која се наоѓа; странец. Туѓинец, што не го разбира нашиот јазик. Градот е окупиран од туѓинци. 2. (разг.) Човек што не е жител на местото, крајот во кој престојува, што е од друго место, друг крај. Нејзиниот внук повеќе има право на дуќанот одошто еден туѓинец. Туѓинецот ги поздрави селаните и замина. 3. (прен.) Човек што се отуѓил од блиските, што се одродил. Таткото не најде начин да се доближи до своите најблиски, стана туѓинец за своето дете. И во својата земја туѓинец сум веќе. Тој е и онака туѓинец меѓу нас. ‖ туѓинка, мн. туѓинки ж. ‖ туѓинче, мн. туѓинчиња ср. дем. кон зн. 1, 2.