тука

Прилог

Значење на тука:

1. На ова место, овде, ваму; таму. Децата играат тука, во паркот. Ме донесе тука и ме остави сам.Тука е толку тивко. Тука има сè. Повикај го тука и прашај го.

2. Во тој случај. Лек нема тука. Друго тука се крие. Ех, тука брате ме гризе совеста.

3. За истакнување на нечие присуство – овде. Тука, пред нив ги пребројуваше парите. Тие се тука, присутни везден. Што прави тој тука? 4. Како сврз. Тука ведри, тука облачи. Тој играше со кадетите, тука детински просто, тука другарски.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ти не си тука – отсутен, занесен во нешто, не следи што се зборува , што се случува.

Оригинални податоци:

тука прил. 1. На ова место, овде, ваму; спрот. таму. Децата играат тука, во паркот. Ме донесе тука и ме остави сам.Тука е толку тивко. Тука има сè. Повикај го тука и прашај го. 2. Во тој случај. Лек нема тука. Друго тука се крие. Ех, тука брате ме гризе совеста. 3. За истакнување на нечие присуство – овде. Тука, пред нив ги пребројуваше парите. Тие се тука, присутни везден. Што прави тој тука? 4. Како сврз. Тука ведри, тука облачи. Тој играше со кадетите, тука детински просто, тука другарски. ◊ Ти не си тука – отсутен, занесен во нешто, не следи што се зборува , што се случува.