туку 1

Сврзник

Значење на туку:

1. За поврзување зборовни состави и реченици кои се спротивставени, со појава на одрекување во првиот дел. Таа не јадеше од јадењето, туку пиеше кафе. Јас не ја исчистив куќата, туку легнав болна со температура.

2. Во сврзнички спој на дистанција не само ...туку и... со кој се воспоставува основен сооднос на надоврзување, поточно на градација. Таа треба да се грижи не само за децата туку и за своите родители. Тој се радуваше не само на гостите туку и на соседите што дојдоа. Не само што го чуваше туку и му даваше пари да се чести.

3. При воведување во нова тема како прекин на претходно искажаното. Туку, ајде ние да вечераме па ќе позборуваме подоцна. Туку доста стоевме пред порти, влези да се напиеме по едно кафе.

Оригинални податоци:

туку1 сврз. сп. ами. 1. За поврзување зборовни состави и реченици кои се спротивставени, со појава на одрекување во првиот дел. Таа не јадеше од јадењето, туку пиеше кафе. Јас не ја исчистив куќата, туку легнав болна со температура. 2. Во сврзнички спој на дистанција не само ...туку и... со кој се воспоставува основен сооднос на надоврзување, поточно на градација. Таа треба да се грижи не само за децата туку и за своите родители. Тој се радуваше не само на гостите туку и на соседите што дојдоа. Не само што го чуваше туку и му даваше пари да се чести. 3. При воведување во нова тема како прекин на претходно искажаното. Туку, ајде ние да вечераме па ќе позборуваме подоцна. Туку доста стоевме пред порти, влези да се напиеме по едно кафе.