тупа

Глагол, несвршен

Значење на тупа:

1. Удира, чука. Соседите на горниот кат цел ден тупаат.

2. Тресе прашина од нешто со тупалка. Ги тупаше килимите со тупалката.

3. Прави куси чекори на мал простор. Го чека на постојката и тупа со чизмите. Коњите тупаа, фрчејќи.

4. За срце – чука, бие силно, забрзано. Трчаше, трчаше и застана, а срцето тупа ли тупа, мир нема. Од страв срцето му тупаше.

5. За тапан – чука, бие. Свирките свиреа, а тапанот тупаше.

6. Удира со рака по рамо, по плеќи, рамномерно, полека; тапка. Мајката го тупаше детето по грбот да му престане кашлањето.

Коњугација: тупаат.

Изведени зборови:

  • се ~ тупа, Се удира, се чука со раката по рамо, по плеќи. Разговараа и се тупаа.
  • тупање, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Се тупа в гради – се фали, се гордее. Тупа во место – не покажува резултати.

Оригинални податоци:

тупа, тупаат несв. 1. Удира, чука. Соседите на горниот кат цел ден тупаат. 2. Тресе прашина од нешто со тупалка. Ги тупаше килимите со тупалката. 3. Прави куси чекори на мал простор. Го чека на постојката и тупа со чизмите. Коњите тупаа, фрчејќи. 4. За срце – чука, бие силно, забрзано. Трчаше, трчаше и застана, а срцето тупа ли тупа, мир нема. Од страв срцето му тупаше. 5. За тапан – чука, бие. Свирките свиреа, а тапанот тупаше. 6. Удира со рака по рамо, по плеќи, рамномерно, полека; сп. тапка. Мајката го тупаше детето по грбот да му престане кашлањето. ● се ~ Се удира, се чука со раката по рамо, по плеќи. Разговараа и се тупаа. ◊ Се тупа в гради – се фали, се гордее. Тупа во место – не покажува резултати. ‖ глаг. им. тупање ср.