тура 3

Именка, женски род

Значење на тура:

1. Патување, одење, заминување некаде со туристичка или некаква друга цел. Туристичка тура. Планинарска тура. Велосипедски тури. Тури за Далечниот Исток.

2. (прен., разг.) Еднократна нарачка и плаќање пијалак на определен круг, група луѓе во ресторан, кафуле и сл. Секој порачува по една тура. Оваа тура ќе биде од мене. Јас сите тури ги пијам на твоја сметка.

Множина: тури.

Оригинални податоци:

тура3, мн. тури ж. 1. Патување, одење, заминување некаде со туристичка или некаква друга цел. Туристичка тура. Планинарска тура. Велосипедски тури. Тури за Далечниот Исток. 2. (прен., разг.) Еднократна нарачка и плаќање пијалак на определен круг, група луѓе во ресторан, кафуле и сл. Секој порачува по една тура. Оваа тура ќе биде од мене. Јас сите тури ги пијам на твоја сметка.