тура

Глагол, несвршен

Значење на тура:

1. Налева, сипе течност во нешто или врз нешто. Тој тура ракија, ние пиеме наискап. Во тавата тураше масло да се загрее.

2. (прен.) Врне многу, обилно. Цела ноќ тураше.

3. Става. Старецот тураше дрва во печката и се топлеше. Ти ќе тураш од брашното, јас ќе мешам.Тој сирење в уста не тураше.

Коњугација: тураат.

Изведени зборови:

  • турање, глаг. им. ср.

Фразеолошки израз / поговорка:

Тура како од ведро – силно, обилно врне.

Оригинални податоци:

тура, тураат несв. 1. Налева, сипе течност во нешто или врз нешто. Тој тура ракија, ние пиеме наискап. Во тавата тураше масло да се загрее. 2. (прен.) Врне многу, обилно. Цела ноќ тураше. 3. Става. Старецот тураше дрва во печката и се топлеше. Ти ќе тураш од брашното, јас ќе мешам.Тој сирење в уста не тураше. ◊ Тура како од ведро – силно, обилно врне. ‖ глаг. им. турање ср.