тури

Глагол, свршен

Значење на тури:

1. Налее, сипе течност во нешто или врз нешто. Домаќинот тури вино во чашите. Таа пријде и му тури вода да се измие.

2. Стави. Тури два грста костени на ќумбето. Им турија сено и слама на коњите.

Коњугација: турат.

Фразеолошки израз / поговорка:

Тури му пепел! – сп. пепел.

Оригинални податоци:

тури, турат св. 1. Налее, сипе течност во нешто или врз нешто. Домаќинот тури вино во чашите. Таа пријде и му тури вода да се измие. 2. Стави. Тури два грста костени на ќумбето. Им турија сено и слама на коњите. ◊ Тури му пепел! – сп. пепел.