турне
Значење на турне:
1. а) Со удар направи нешто да падне. Кој го турна детето? Тие го турнаа пред себе, викајќи по него. Грубо ја турна старицата со лактот. б) Употреби физичка сила за да придвижи нешто. Некој ја турна вратата со нога. Турнете малку, за да запали моторот!
2. Урне, претвори во урнатини. Ќе го турнеме овој ѕид. Ја турнаа трошната куќарка, ќе градат нова.
3. (прен., разг.) Собори, одземе, урне власт. Народот го турна претседателот.
Коњугација: (ќе) турнеа, (ќе) турнев, (ќе) турнел, турнаа, турнав, турнал, турнат, турнат, турнете, турни.
Изведени зборови:
- турнува, глаг. несв. турнуваат
- турнување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
турне,турнат; турни, турнете; турнав, турнаа; турнал; турнат; (ќе) турнев, (ќе) турнеа; (ќе) турнел св. 1. а) Со удар направи нешто да падне. Кој го турна детето? Тие го турнаа пред себе, викајќи по него. Грубо ја турна старицата со лактот. б) Употреби физичка сила за да придвижи нешто. Некој ја турна вратата со нога. Турнете малку, за да запали моторот! 2. Урне, претвори во урнатини. Ќе го турнеме овој ѕид. Ја турнаа трошната куќарка, ќе градат нова. 3. (прен., разг.) Собори, одземе, урне власт. Народот го турна претседателот. ‖ турнува, турнуваат несв. ‖ глаг. им. турнување ср.