туши
Значење на туши:
Пушта воздух, издишува. Туши ја гумата од велосипедот, многу е напумпана.Коњугација: тушат.
Изведени зборови:
- се ~ туши, 1. Останува без воздух, издишува. Балонот се туши. 2. (прен.) Се ослободува од гнев, од лутина, од некаква тежина. Му се туши бесот преку викање. Во сите наши средби му ги полнам ушите, се тушам пред него.
- тушење, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
туши, тушат несв. Пушта воздух, издишува. Туши ја гумата од велосипедот, многу е напумпана. ● се ~ 1. Останува без воздух, издишува. Балонот се туши. 2. (прен.) Се ослободува од гнев, од лутина, од некаква тежина. Му се туши бесот преку викање. Во сите наши средби му ги полнам ушите, се тушам пред него. ‖ глаг. им. тушење ср.