тутка 1

Глагол, несвршен

Значење на тутка:

Со притисок прави нешто да биде нерамно, згмечено, собрано. Девојчето нервозно го туткаше шамичето в раце. Тој ја туткаше шапката врз градите. Детето тутка лист хартија.

Коњугација: туткаат.

Изведени зборови:

  • се ~ тутка, 1. Се собира, се набира, се згмечува. Оваа ткаенина многу се тутка. Од седење здолништето се туткаше. 2. (прен.) Се грчи, се свива од некое непријатно чувство (страв, срам и сл.). Тој се тутка и одвај прозборува. Жената се туткаше од недоличната постапка на ќерка си. Некои од децата се туткаа во купчиња и го запираа дишењето. под ќебето.
  • туткање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

тутка1, туткаат несв. Со притисок прави нешто да биде нерамно, згмечено, собрано. Девојчето нервозно го туткаше шамичето в раце. Тој ја туткаше шапката врз градите. Детето тутка лист хартија. ● се ~ 1. Се собира, се набира, се згмечува. Оваа ткаенина многу се тутка. Од седење здолништето се туткаше. 2. (прен.) Се грчи, се свива од некое непријатно чувство (страв, срам и сл.). Тој се тутка и одвај прозборува. Жената се туткаше од недоличната постапка на ќерка си. Некои од децата се туткаа во купчиња и го запираа дишењето. под ќебето. ‖ глаг. им. туткање ср.