тутне

Глагол, свршен

Значење на тутне:

1. Стави нешто кришум, сокрие. Детето најде пари, ги тутна в џеб и избега.

2. Даде или стави нешто некому набрзина, кришум или насила. Тие ѝ го тутнаа детето на бабата и заминаа. Му ја тутнав резенката лимон в уста. Тетката ги тутна парите в чанта и излезе од собата.

Коњугација: тутнат.

Изведени зборови:

  • се ~ тутне, 1. За куче – нападне некого. Кучето му се тутна на детето. 2. (прен.) Се наметне, отиде некаде непоканет, неповикан. Му се тутна на директорот во канцеларијата.
  • (се) тутнува, глаг. несв. (се) тутнуваат
  • тутнување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

тутне, тутнат св. 1. Стави нешто кришум, сокрие. Детето најде пари, ги тутна в џеб и избега. 2. Даде или стави нешто некому набрзина, кришум или насила. Тие ѝ го тутнаа детето на бабата и заминаа. Му ја тутнав резенката лимон в уста. Тетката ги тутна парите в чанта и излезе од собата. ● се ~ 1. За куче – нападне некого. Кучето му се тутна на детето. 2. (прен.) Се наметне, отиде некаде непоканет, неповикан. Му се тутна на директорот во канцеларијата. ‖ (се) тутнува, (се) тутнуваат несв. ‖ глаг. им. тутнување ср.