тутун
Значење на тутун:
1. (бот.) Едногодишно индустриско растение со зелени листови што содржат никотин; се одгледува главно во комерцијални цели; Nicotiana; Нива за тутун. Расад на тутун. Лист од тутун.
2. Листот од тоа растение. Бере тутун. Суви низи тутун. Тутун да реди в монопол, /тутуни жолти отрови.
3. Преработка на листот од тоа растение што служи за пушење. Дробен тутун. Тутун за луле. Чад од тутун. Ќесе со тутун. Пушеше цигари од питом и мирислив тутун.
Множина: тутуни.
Изведени зборови:
- тутунец, и. м. тутунче (само едн.) ср. дем. и хип. кон зн. 3.
Фразеолошки израз / поговорка:
Пие тутун – (арх.) пуши.
Оригинални податоци:
тутун, мн. тутуни м. 1. (бот.) Едногодишно индустриско растение со зелени листови што содржат никотин; се одгледува главно во комерцијални цели; Nicotiana; Нива за тутун. Расад на тутун. Лист од тутун. 2. Листот од тоа растение. Бере тутун. Суви низи тутун. Тутун да реди в монопол, /тутуни жолти отрови. 3. Преработка на листот од тоа растение што служи за пушење. Дробен тутун. Тутун за луле. Чад од тутун. Ќесе со тутун. Пушеше цигари од питом и мирислив тутун. ◊ Пие тутун – (арх.) пуши. ‖ тутунец (само едн.) м., тутунче (само едн.) ср. дем. и хип. кон зн. 3.