твој
Значење на твој:
1. Што му припаѓа на лицето на кое му се обраќаме. Твоите очи. Твоиве чевли не биле нови. Твојата песна може да се отпечати. А зошто ми се мене твоите пари?
2. Што е близок, роднина или пријател на лицето на кое му се обраќаме. Твојата жена е многу вредна. Твојата фамилија. Ти остани тука со твоите луѓе.
3. Што се однесува на лицето на кое му се обраќаме. Тоа е само твое мислење. Не ја оправдувам твојата избрзана постапка.
4. Што е на твоја страна, што е приврзан за тебе. Без неа нема да бев ниту твој, ниту свој.
5. Како им. а) (само едн.) Сето она што му припаѓа, што е наменето на лицето на кое му се обраќаме; тоа што произлегува од лицето на кое му се обраќаме. Тука нема мое твое. Ова твоето на ништо не личи. б) Лице (сопруг, сопруга, родители и др.) блиско до лицето на кое му се обраќаме. Твојон повторно доцни. Вечер ќе одиме кај твоите.
Множина: твои.
Алтернативно: твое твоја
Фразеолошки израз / поговорка:
Твоја работа – нешто за кое одлучуваш само ти. Не е твоја работа – тоа не треба да те засега, не треба да се мешаш. На твое место – ако се прашувам јас, ако одлучувам јас. Твоја волја – според твојата желба, така како што ти мислиш. По твое – по твоја желба, по твое мислење, по твоја волја.
Оригинални податоци:
твој, твоја, твое, мн. твои прид. 1. Што му припаѓа на лицето на кое му се обраќаме. Твоите очи. Твоиве чевли не биле нови. Твојата песна може да се отпечати. А зошто ми се мене твоите пари? 2. Што е близок, роднина или пријател на лицето на кое му се обраќаме. Твојата жена е многу вредна. Твојата фамилија. Ти остани тука со твоите луѓе. 3. Што се однесува на лицето на кое му се обраќаме. Тоа е само твое мислење. Не ја оправдувам твојата избрзана постапка. 4. Што е на твоја страна, што е приврзан за тебе. Без неа нема да бев ниту твој, ниту свој. 5. Како им. а) (само едн.) Сето она што му припаѓа, што е наменето на лицето на кое му се обраќаме; тоа што произлегува од лицето на кое му се обраќаме. Тука нема мое твое. Ова твоето на ништо не личи. б) Лице (сопруг, сопруга, родители и др.) блиско до лицето на кое му се обраќаме. Твојон повторно доцни. Вечер ќе одиме кај твоите. ◊ Твоја работа – нешто за кое одлучуваш само ти. Не е твоја работа – тоа не треба да те засега, не треба да се мешаш. На твое место – ако се прашувам јас, ако одлучувам јас. Твоја волја – според твојата желба, така како што ти мислиш. По твое – по твоја желба, по твое мислење, по твоја волја.