творештво
Само во еднина.
Значење на творештво:
1. Создавање на нови, оригинални материјални, духовни и културни вредности; творење. Меѓу материјата на творештвото и уметничката творба постои човекот што твори.
2. Сè што е резултат на таква дејност. Книжевно творештво. Музичко творештво. Драмско творештво. Народно творештво. Уметничко творештво.
Оригинални податоци:
творештво (само едн.) ср. 1. Создавање на нови, оригинални материјални, духовни и културни вредности; творење. Меѓу материјата на творештвото и уметничката творба постои човекот што твори. 2. Сè што е резултат на таква дејност. Книжевно творештво. Музичко творештво. Драмско творештво. Народно творештво. Уметничко творештво.