тврд
Значење на тврд:
1. а) За агрегатна состојба на телата – чии честички се густо збиени; цврст. Телата можат да бидат во тврда, течна и гасовита состојба. Водата на ниски температури станува тврда. б) Што има постојана форма и размер; што е отпорен на удар, на притисок, на виткање и сл.; што тешко се сече, што тешко се обработува; цврст, јак. Тврди минерали. Тврда земја. Тврд камен. Тврда карпа. в) Што не ја менува формата под притисок, тежина, што не се сплескува, нееластичен. Тврда перница. Тврд душек. Тврд под. Тврда јака. г) Што тешко се меша, меси, густ, цврст, збиен. Најде малку тврд пченкарник во лонецот. Тврдо тесто. Тврдо сирење. д) Што е груб, рапав, корав. Тврди шепи. Тврда брада. Тврди прсти. ѓ) Што е сув, препечен. Корка тврд леб.
2. (прен.) Што е решителен, непоколеблив; што изразува смелост, решителност. Се трудеше да биде тврд и непоколеблив. Тврда волја. Таа случка ги збрка сосем неговите тврди претстави за човештината. Тврд глас. Тврдо становиште. Тврда увереност. Тврд чекор.
3. а) Што е воздржан во изразување на чувствата, крут. Имаше тврд и деловен израз на лицето. Тврд поглед. б) Што е бесчувствителен, неосетлив, бездушен. Тврда душа. Тврдо срце. Неговите сурови, тврди зборови го вознемирија.
4. За сон – што е длабок, цврст. Мечката спиеше со тврд зимски сон.
5. Што е сигурен, стабилен. Тврда валута.
6. (лингв.) Глас што се образува без учество на средниот дел од јазикот и се карактеризира со непалатален изговор. Тврди согласки.
Членувана форма: тврдиот.
Изведени зборови:
- тврдо, прил. Таа тврдо решила да се врати назад. Чекореше тврдо. Тврдо закоравен навик. Тврдо спие.
- тврдост, и. ж.
Фразеолошки израз / поговорка:
Тврд орев – 1. човек со кој тешко се работи. 2. тешка работа. Тврда столица – запек. Тврдо срце – бесчувствителен. Тврда глава – тврдоглав. Тврда рака – што е скржав, стиснат. Тврда вода – (хем.) 1. природна вода што содржи голема количина калциум карбонат и магнезиум карбонат. 2. вода што содржи голема количина варовник. Тврда градба – што е изработен од камен, тули.
Оригинални податоци:
тврд, тврдиот прид. 1. а) За агрегатна состојба на телата – чии честички се густо збиени; цврст. Телата можат да бидат во тврда, течна и гасовита состојба. Водата на ниски температури станува тврда. б) Што има постојана форма и размер; што е отпорен на удар, на притисок, на виткање и сл.; што тешко се сече, што тешко се обработува; цврст, јак. Тврди минерали. Тврда земја. Тврд камен. Тврда карпа. в) Што не ја менува формата под притисок, тежина, што не се сплескува, нееластичен. Тврда перница. Тврд душек. Тврд под. Тврда јака. г) Што тешко се меша, меси, густ, цврст, збиен. Најде малку тврд пченкарник во лонецот. Тврдо тесто. Тврдо сирење. д) Што е груб, рапав, корав. Тврди шепи. Тврда брада. Тврди прсти. ѓ) Што е сув, препечен. Корка тврд леб. 2. (прен.) Што е решителен, непоколеблив; што изразува смелост, решителност. Се трудеше да биде тврд и непоколеблив. Тврда волја. Таа случка ги збрка сосем неговите тврди претстави за човештината. Тврд глас. Тврдо становиште. Тврда увереност. Тврд чекор. 3. а) Што е воздржан во изразување на чувствата, крут. Имаше тврд и деловен израз на лицето. Тврд поглед. б) Што е бесчувствителен, неосетлив, бездушен. Тврда душа. Тврдо срце. Неговите сурови, тврди зборови го вознемирија. 4. За сон – што е длабок, цврст. Мечката спиеше со тврд зимски сон. 5. Што е сигурен, стабилен. Тврда валута. 6. (лингв.) Глас што се образува без учество на средниот дел од јазикот и се карактеризира со непалатален изговор. Тврди согласки. ◊ Тврд орев – 1. човек со кој тешко се работи. 2. тешка работа. Тврда столица – запек. Тврдо срце – бесчувствителен. Тврда глава – тврдоглав. Тврда рака – што е скржав, стиснат. Тврда вода – (хем.) 1. природна вода што содржи голема количина калциум карбонат и магнезиум карбонат. 2. вода што содржи голема количина варовник. Тврда градба – што е изработен од камен, тули. ‖ тврдо прил. Таа тврдо решила да се врати назад. Чекореше тврдо. Тврдо закоравен навик. Тврдо спие. ‖ тврдост ж.