тврдоглав

Придавка

Значење на тврдоглав:

1. Што не отстапува од своите ставови, што не прифаќа туѓо мислење; своеглав. Тврдоглав човек. И двајцата се погодија тврдоглави и инаетчии.

2. Што е упорен, непоколеблив. Тој е тврдоглав, што наумил тоа ќе направи. Тврдоглава решеност.

Членувана форма: тврдоглавиот.

Изведени зборови:

  • тврдоглаво, прил. Тој упорно и тврдоглаво го застапува ова мислење.
  • тврдоглавост, и. ж.

Оригинални податоци:

тврдоглав, тврдоглавиот прид. 1. Што не отстапува од своите ставови, што не прифаќа туѓо мислење; своеглав. Тврдоглав човек. И двајцата се погодија тврдоглави и инаетчии. 2. Што е упорен, непоколеблив. Тој е тврдоглав, што наумил тоа ќе направи. Тврдоглава решеност. ‖ тврдоглаво прил. Тој упорно и тврдоглаво го застапува ова мислење. ‖ тврдоглавост ж.