убав
Значење на убав:
1. Што предизвикува пријатно естетско доживување, што е пријатен на изглед, што има добра форма, боја, што има добри карактеристики; што одговара на определени критериуми за убавина; грд. Убав човек. Убава жена. Убаво дете. Убави цвеќиња. Убав коњ. Убава куќа. Убав пејзаж.
2. Што е добар, пријатен за уво, за слушање, што е благозвучен. Убав глас. Убава песна. Убава музика.
3. Што предизвикува восхит или задоволство; што е многу добар, интересен, пријатен. Убав натпревар. Убаво патување. Убаво јадење. Убав ручек. Убаво вино. Убав филм.
4. Во морална смисла ‒ што задоволува општо прифатени стандарди, критериуми; што е за пофалба. Убав живот. Убава постапка.
5. Што е во задоволително големо количество, добар. Убава печалба. Падна убав дожд.
6. За време ‒ сончев, топол, јасен, пријатен. Убавото време ќе продолжи уште некој ден. Убава пролет.
7. Како им. Убавото во нас.
8. При честитање, за изразување добри желби. Ви посакувам сè најубаво.
Членувана форма: убавиот.
Изведени зборови:
- убаво, прил. 1. На убав начин, привлечно, пријатно за гледање. Таа секогаш убаво е облечена. Убаво изгледаш. Убаво ја уреди куќата. 2. На начин пријатен за слух. Таа многу убаво пее. Убаво звучи новата композиција. 3. На добар начин; добро. Колку убаво кажано! Бебето се нацица убаво. Убаво ги хранат во домот. Убаво ручавме, сега да одмориме малку. Убаво живееше од својата плата. Убаво постапуваш со него. 4. Во поголемо количество. Убаво заработува. 5. Како чест. а) За согласност, одобрување. Убаво, и јас мислам така. б) (ирон.). Во значење дека не е така, не е точно, не е во ред кажаното. Убаво! Убаво, богами! Убаво, ти личи на годините! Убаво, уште да е така како што велиш!
- убавост, и. ж.
Фразеолошки израз / поговорка:
Убавите дињи (круши) ги јадат свињи(те) ‒ најубавите жени завршуваат со неубави мажи. Убавата стока сама се продава (посл.) ‒ добрата, квалитетна стока не треба да ја фалиш за да ја продадеш.
Оригинални податоци:
убав, убавиот прид. 1. Што предизвикува пријатно естетско доживување, што е пријатен на изглед, што има добра форма, боја, што има добри карактеристики; што одговара на определени критериуми за убавина; спрот. грд. Убав човек. Убава жена. Убаво дете. Убави цвеќиња. Убав коњ. Убава куќа. Убав пејзаж. 2. Што е добар, пријатен за уво, за слушање, што е благозвучен. Убав глас. Убава песна. Убава музика. 3. Што предизвикува восхит или задоволство; што е многу добар, интересен, пријатен. Убав натпревар. Убаво патување. Убаво јадење. Убав ручек. Убаво вино. Убав филм. 4. Во морална смисла ‒ што задоволува општо прифатени стандарди, критериуми; што е за пофалба. Убав живот. Убава постапка. 5. Што е во задоволително големо количество, добар. Убава печалба. Падна убав дожд. 6. За време ‒ сончев, топол, јасен, пријатен. Убавото време ќе продолжи уште некој ден. Убава пролет. 7. Како им. Убавото во нас. 8. При честитање, за изразување добри желби. Ви посакувам сè најубаво. ◊ Убавите дињи (круши) ги јадат свињи(те) ‒ најубавите жени завршуваат со неубави мажи. Убавата стока сама се продава (посл.) ‒ добрата, квалитетна стока не треба да ја фалиш за да ја продадеш. ‖ убаво прил. 1. На убав начин, привлечно, пријатно за гледање. Таа секогаш убаво е облечена. Убаво изгледаш. Убаво ја уреди куќата. 2. На начин пријатен за слух. Таа многу убаво пее. Убаво звучи новата композиција. 3. На добар начин; добро. Колку убаво кажано! Бебето се нацица убаво. Убаво ги хранат во домот. Убаво ручавме, сега да одмориме малку. Убаво живееше од својата плата. Убаво постапуваш со него. 4. Во поголемо количество. Убаво заработува. 5. Како чест. а) За согласност, одобрување. Убаво, и јас мислам така. б) (ирон.). Во значење дека не е така, не е точно, не е во ред кажаното. Убаво! Убаво, богами! Убаво, ти личи на годините! Убаво, уште да е така како што велиш! ‖ убавост ж.