убавина
Значење на убавина:
1. Својство на тоа што е убаво по својот изглед, што е прекрасно. Девојката ја красеше невидена убавина. Самовилска убавина. Раскошна убавина. Убавините на мојата земја.
2. Добра особина, својство. Ја чувствувал убавината на селскиот живот.
3. Богатство, благосостојба, изобилство, раскош. На пазарот имаше од сите убавини. Од печалба донесе секакви убавини.
Множина: убавини.
Фразеолошки израз / поговорка:
Убавина пазар собира, грдотија куќа врти (посл.) ‒ убава жена е за гледање, а грдата е вредна домаќинка. Со сила убавина не бидува ‒ сп. сила. Убавина ‒ за година ‒ убавината трае кратко.
Оригинални податоци:
убавина, мн. убавини ж. 1. Својство на тоа што е убаво по својот изглед, што е прекрасно. Девојката ја красеше невидена убавина. Самовилска убавина. Раскошна убавина. Убавините на мојата земја. 2. Добра особина, својство. Ја чувствувал убавината на селскиот живот. 3. Богатство, благосостојба, изобилство, раскош. На пазарот имаше од сите убавини. Од печалба донесе секакви убавини. ◊ Убавина пазар собира, грдотија куќа врти (посл.) ‒ убава жена е за гледање, а грдата е вредна домаќинка. Со сила убавина не бидува ‒ сп. сила. Убавина ‒ за година ‒ убавината трае кратко.