убеди

Глагол, свршен

Значење на убеди:

Увери во нешто, натера да поверува во нешто, да направи, да прифати нешто. Тој го убеди татка си да му купи нова кола. Ги убедил другарите да појдат в кино. Го убеди судијата во својата невиност.

Коњугација: убедат.

Изведени зборови:

  • се ~ убеди, Се увери, стане сигурен, увиди, се осведочи за нешто. Таа се убеди себеси дека го направила вистинскиот чекор. Се убедивме некако како треба тоа да се направи.
  • (се) убедува, глаг. несв. (се) убедуваат
  • убедување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

убеди, убедат св. Увери во нешто, натера да поверува во нешто, да направи, да прифати нешто. Тој го убеди татка си да му купи нова кола. Ги убедил другарите да појдат в кино. Го убеди судијата во својата невиност. ● се ~ Се увери, стане сигурен, увиди, се осведочи за нешто. Таа се убеди себеси дека го направила вистинскиот чекор. Се убедивме некако како треба тоа да се направи. ‖ (се) убедува, (се) убедуваат несв. ‖ глаг. им. убедување ср.