убедлив
Значење на убедлив:
1. Што убедува, што потврдува нешто, што прави да се биде сигурен во нешто. Адвокатот изнесе убедлив доказ. Убедливи аргументи.
2. Што умее да убеди, да увери. Тој беше убедлив говорник.
Членувана форма: убедливиот.
Изведени зборови:
- убедливо, прил. Зборуваше убедливо.
- убедливост, и. ж.
Оригинални податоци:
убедлив, убедливиот прид. 1. Што убедува, што потврдува нешто, што прави да се биде сигурен во нешто. Адвокатот изнесе убедлив доказ. Убедливи аргументи. 2. Што умее да убеди, да увери. Тој беше убедлив говорник. ‖ убедливо прил. Зборуваше убедливо. ‖ убедливост ж.