убие
Значење на убие:
1. Усмрти, одземе живот, лиши од живот човек или животно. Го убиле во борбата за ослободување на селото. Ловџиите убиле волк веднаш над селото.
2. (прен.) Уништи, упропасти, причини големи маки. Осаменоста и носталгијата го убија. Го уби со поглед.
3. (разг.) Повреди. Борче падна и си ја уби ногата. Детето играјќи си си го уби коленото.
4. За временска непогода (град, слана, мраз и сл.) Град го уби житото.
Коњугација: (ќе) убиев , (ќе) убиеја , (ќе) убиел , убив , убиен, убиј , убија , убијат , убијте , убил .
Изведени зборови:
- (се) убива, глаг. несв. (се) убиваат
- се ~ убие, 1. Изврши самоубиство. Момчето се убило фрлајќи се од својата мансарда. Комитите се убиле еден со друг за да не паднат живи во рацете на аскерот. 2. (прен.) Долго, напорно прави нешто, се измачува со работа, со активност. Се уби докажувајќи ја својата невиност. Се уби работејќи. 3. Кон зн. 3. Се уби во ногата.
- убивање, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Бог го (те, ве.. ) убил ‒ клетва.
Оригинални податоци:
убие, убијат; убиј, убијте; убив, убија; убил; (ќе) убиев, (ќе) убиеја; (ќе) убиел; убиен св. 1. Усмрти, одземе живот, лиши од живот човек или животно. Го убиле во борбата за ослободување на селото. Ловџиите убиле волк веднаш над селото. 2. (прен.) Уништи, упропасти, причини големи маки. Осаменоста и носталгијата го убија. Го уби со поглед. 3. (разг.) Повреди. Борче падна и си ја уби ногата. Детето играјќи си си го уби коленото. 4. За временска непогода (град, слана, мраз и сл.) Град го уби житото. ● се ~ 1. Изврши самоубиство. Момчето се убило фрлајќи се од својата мансарда. Комитите се убиле еден со друг за да не паднат живи во рацете на аскерот. 2. (прен.) Долго, напорно прави нешто, се измачува со работа, со активност. Се уби докажувајќи ја својата невиност. Се уби работејќи. 3. Кон зн. 3. Се уби во ногата. ◊ Бог го (те, ве.. ) убил ‒ клетва. ‖ (се) убива, (се) убиваат несв. ‖ глаг. им. убивање ср.