убиствен

Придавка

Значење на убиствен:

1. Што е смртоносен, што може да доведе, да предизвика смрт. Убиствено ниски температури. Убиствен бес. Убиствен гнев. Убистевена стрела.

2. (прен.) Што е многу тежок, напорен. Убиствена работа. Убиствен долготраен напор.

Членувана форма: убиствениот.

Изведени зборови:

  • убиствено, прил. Убистевно замавна со патерицата.
  • убиственост, и. ж.

Оригинални податоци:

убиствен, убиствениот прид. 1. Што е смртоносен, што може да доведе, да предизвика смрт. Убиствено ниски температури. Убиствен бес. Убиствен гнев. Убистевена стрела. 2. (прен.) Што е многу тежок, напорен. Убиствена работа. Убиствен долготраен напор. ‖ убиствено прил. Убистевно замавна со патерицата. ‖ убиственост ж.