ублажи
Значење на ублажи:
1. Направи да постивне, да се посмири, да поослаби нешто силно, остро, изразито по интензитет. Лекот ја ублажи болката. Ублажи тага. Увозот го ублажи недостигот на лекови. Ги ублажи затегнатите односи во семејството. Ублажи гнев.
2. Намали, смекне нешто премногу строго, сурово. Судот ја ублажи казната за две години. Ублажи критериум. Ублажи услови. Ублажи барања.
Коњугација: ублажат.
Изведени зборови:
- се ~ ублажи, Постивне, се посмири.
- (се) ублажува, глаг. несв. (се) ублажуваат
- ублажување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
ублажи, ублажат св. 1. Направи да постивне, да се посмири, да поослаби нешто силно, остро, изразито по интензитет. Лекот ја ублажи болката. Ублажи тага. Увозот го ублажи недостигот на лекови. Ги ублажи затегнатите односи во семејството. Ублажи гнев. 2. Намали, смекне нешто премногу строго, сурово. Судот ја ублажи казната за две години. Ублажи критериум. Ублажи услови. Ублажи барања. ● се ~ Постивне, се посмири. ‖ (се) ублажува, (се) ублажуваат несв. ‖ глаг. им. ублажување ср.