ученик
Значење на ученик:
1. Дете, момче или девојче, млад човек што оди на училиште. Ученик во основно образоване. Просечен ученик. Одличен ученик.
2. Лице во однос на својот учител, на оној што го учел на нешто. Тој е негов ученик.
3. Следбеник. Учениците на Кирил и Методиј. Учениците на Фројд. 4. Оној што изучува занает. Ученици во стопанството.
Множина: ученици.
Изведени зборови:
- учениче, и. ср. дем.
- ученичка, и. ж.
- ученички, прид. ученичкиот Ученичка книшка. Ученичка екскурзија. Ученичко творештво.
Оригинални податоци:
ученик, мн. ученици м. 1. Дете, момче или девојче, млад човек што оди на училиште. Ученик во основно образоване. Просечен ученик. Одличен ученик. 2. Лице во однос на својот учител, на оној што го учел на нешто. Тој е негов ученик. 3. Следбеник. Учениците на Кирил и Методиј. Учениците на Фројд. 4. Оној што изучува занает. Ученици во стопанството. ‖ учениче, мн. ученичиња ср. дем. ‖ ученичка, мн. ученички ж. ‖ ученички, ученичкиот прид. Ученичка книшка. Ученичка екскурзија. Ученичко творештво.