учење
Значење на учење:
1. Глаголска именка од учи.
2. Здобивање со некакви знаења, вештини и др. Учењето на математиката му претставуваше тешкотија. Имаше голема желба да продолжи со учење.
3. Подготвување лекции, вежбање, обука. Времето му помина во учење.
4. Наука, систем од теоретски поставки, идеологија. Марксистичко-ленинистичко учење. Реформаторско учење. Верско учење.
Множина: учења.
Оригинални податоци:
учење, мн. учења ср. 1. Глаг. им. од учи. 2. Здобивање со некакви знаења, вештини и др. Учењето на математиката му претставуваше тешкотија. Имаше голема желба да продолжи со учење. 3. Подготвување лекции, вежбање, обука. Времето му помина во учење. 4. Наука, систем од теоретски поставки, идеологија. Марксистичко-ленинистичко учење. Реформаторско учење. Верско учење.